Авиони на ВВС на Шпанија почнаа денеска со патролирање во воздушното пространство над балтичките држави. Мисијата за обезбедување на воздушното пространство се спроведува од базата Зокнјаи во партнерство со НАТО и ќе трае четири месеци.
Шпанскиот контигент е составен од 130 луѓе со четири авиони Јурофајтер Тајфун.
За патролирање во воздушното пространство на балтичките држави ќе биде одговорна и Белгија со четири воени авиони Ф-16 што се наоѓаат во естонската база Емари.
Балтичката мисија на НАТО наречена Воздушна полиција, почна во 2004 година по влегувањето на Латвија, Летонија и Естонија во Алијансата.
Воени авиони на држави од НАТО „дежураат“ по 4 месеци по ротациски принцип. Трите балтички држави немаат потребна авијација за контрола над своето воздушно пространство.