Честитка од претседателот Иванов по повод Божик

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, до членовите на Светиот архиjерејски синод и до целото свештенство и монаштво, како и до сите христијани, по повод големиот празник раѓањето Христово – Божик. 

– Големиот христијански празник кога го славиме раѓањето на Синот Божји, нека нè исполни со добра мисла, мир и единство. Радоста на овој празник нека биде поттик да бидеме солидарни и хумани. Во духот на нашата традиција, посакувам како што сме сплотени за време на празниците, така да бидеме заедно и во текот на целата година. Меѓу себе да бидеме човечни, да си помагаме и да се почитуваме, се вели во честитката.

Овие празнични денови, се наведува, да ги поминеме во кругот на семејството и ближните, исполнети со радост и веселба. На првиот ден на Божик да се помолиме за духовен мир и за сила за предизвиците во годината која ни претстои.

– Ваше Блаженство, честитајќи Ви го големиот христијански празник Ви посакувам добро здравје и духовен мир, а на сите граѓани кои го прославуваат празникот, сакам да им порачам да продолжиме да ја пренесуваме божикната порака за вистината за верата според која живееме. Христос се роди!, се вели во честитката од претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on