СДСМ: Милионерот Груевски ќе ја покачел социјалната помош за 1 денар

Од:

„Никола Груевски кој 10 години е главниот креатор на социјално загрозени семејства, пред заминување најавува социјална помош повисока за 1 денар!

Од 22 денара на ден, социјалната помош за граѓаните би изнесувала 23 денари на ден.

За 23 денари не може да се купи ни еден килограм леб!

За идно покачување на социјалната помош од 1 денар зборува истиот тој Груевски кој во реалноста со соработниот Диме Спасов остави илјадници семејства и без тие 22 денара.

Груевски дури и им блокираше сметки на граѓаните кои примаат социјална помош, за неплатена радиодифузна такса.

Над 500.000 граѓани живеат под работ на сиромаштија, во трошни куќи, со тавани што им се рушат на глава на нивните боси и гладни деца, додека Груевски се вози во мерцедес од 600.000 евра, со наочари од 60.000 евра и е распослан на милионски парцели на Водно.

Груевски и неговата расипничка власт им одзедоа 10 години живот на граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента