Австриската полиција во езеро пронашла делови на тело

Од:

Австриската полиција во езерото Траунзе, во близина на градот Гмундена, пронашла два куфери во кои се наоѓале делови  тело. 

Во полицискиот извештај се наведува дека деловите од телото припаѓаат на жена на возраст од околу 70 години. 

Првиот куфер е изваден од езерото вчера, откако еден од минувачите пријавил во полиција дека видел багаж во водата, додека другиот куфер е пронајден откако полицијата отишла на самото место. 

Истражните органи работат на утврдување на идентитетот на жртвата и причината за смрта.

Државната телевизија ОРФ објави дека идентификацијата на убиената жена е отежната поради фактот дека недостасуваат делови од телото.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник