Џими Батлер урна рекорд на Џордан

Од:

Џими Батлер, крилото на Чикаго Булс и Арон Афлало бекот на Њујорк Никс, со неверојатните индивидуални партии ставија печат на натпреварите во НБА лигата, кои се одиграа во ноќта помеѓу неделата и понеделникот.

Батлер постигна 42 поени во триумфот на Чикаго над Торонто (115:113). Крилниот играч на овој меч постигна само два поени во првото полувреме, но во вториот дел тој буквално експлодира на теренот постигнувајќи 40 поени, вклучувајќи ја и тројката на 30 секунди до крајот која беше клучна за конечниот победник.

Батлер го собори рекородот на Мајкл Џордан според бројот на постигнати поени во едно полувреме. Џордан го поздрави рекордот на Батлер со зборовите дека ‘добро е што се останува во фамилијата’.

Покрај Батлер кај Чикаго се истакнаа и шпанските репрезентативци Пау Гасол (19 поени, 13 скокови) и Никола Миротиќ (17 поени).

Батлер со својата игра му го ‘украде шоуто’ на Арон Афлало кој во победата на Њујорк над Атланта (111:97) постигна 38 поени, со неверојатен процент на реализација 14/17 од поле (7/8 за три поени).

На останатите натпревари Мајами како гостин го декласира Вашингтон (97:75), ЛА Лејкерс славеше над Феникс (97:77), а Денвер загуби од Портланд (106:112).

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on