СДСМ: Три владини медиуми, за три години оствариле приходи од 3 милиони евра!

Од:

„Кај медиумските курири на уредникот Никола Груевски завладеа тишина за високите, милионски приходи. Покрај „Курир” и „Република”, и провладиното „Радио слободна Македонија” молчи за високите приходи.

„Курир”, „Република” и „Радио слободна Македонија” се три владини медиуми, коишто за три години, оствариле приходи од 3 милиони евра!

Според податоците од Централниот регистар, „Радио слободна Макдонија“ во 2013 година само со еден вработен „Радио слободна Македонија“ остварила 242.000 евра приходи.

Како е можно со само 1 вработен да оствари приходи “Радио слободна Македонија” да оствари приходи од 242.000 евра?

Заедно со 2014 година вкупниот приход на “Радио Слободна Македонија” изнесува над 617.000 илјади евра.

Јавноста знае дека еден од сопствениците на радиото Слободна Македонија е фирмата НВСП.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Преку проектот Вистината за Македонија, јавноста дозна НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои Мијалков.

„Курир” две недели молчи за поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на „Курир”, со Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП на Стајковиќ.

Вистината за Македонија исто така откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Од каде им се милионските приходи на медиумите коишто ги уредува Никола Груевски?

Дали пропагандата по нарачка на Никола Груевски, за прикривање на криминалот и корупцијата во изминатите 10 години, се плаќа со пари на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ