СДСМ: И во новата година „Курир“ молчи за приходите од 1.3 милиони евра

Од:

„Нова Година дојде а „Курир” се уште молчи за тоа кој и на каков начин го финансира. Поминаа три недели откако СДСМ објави за милионските приходи на провладиниот “Курир.” Дваесет и еден ден “Курир” молчи. Што крие “Курир”? До кога ќе молчи?

Јавноста дозна за приходите од 1.3 милиони евра, за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир.”

Поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, фирмата сопственик на “Курир”, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП, открива сериозни сомнежи.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ. Оваа фирма покрај сопственик на радиото Слободна Македонија сопственик е и на К Три телевизија ДООЕЛ Куманово.

Граѓаните дознаа дека истата оваа фирма, НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во државата, зад којашто лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.

Владислав Стајковиќ освен до Мијалков е близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле Македонија и воедно кумашин на братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека НВСП, фирмата на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Јавноста знае дека Никола Груевски и фамилијата преку пропаганда на медиумските курири се обидуваат да го сокријат криминалот и корупцијата во последните 10 години.

Од каде им се милионските приходи на медиумите што ги уредува Никола Груевски?

Професионалните и етички новинарски стандарди подразбираат транспаретно, непристрасно и одговорно работење а тоа за „Курир” очигледно не постои.

Наместо молк и креирање виртуелни вести коишто немаат апсолутно никаква поврзаност со реалноста, јавноста очекува одговори на прашањата кој и на каков начин го финансира „Курир“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски