И покрај предупредувања за можни терористички напади, околу 600.000 жители на Виена и бројни туристи го прославија влегувањето во новата 2016-та година.
Расположението меѓу посетителите на Новогодишната патека, беше опуштено и не пречеше ниту ниската температура како ни полицијата.
Градот Виена по 26-ти пат организираше Новогодишна патека, со која центарот на австрискиот главен град беше во знак на најголема журка за дочек на Новата година.
Поради закани за терористички напади, околу 1.500 полицајци беа на задача за новогодишната ноќ меѓу кои и специјалци, чие присуство поради опремата, не остана незабележано.