Австријците вечерва во новогодишната ноќ ќе испукаат во воздух огромни количини пиротехнички средства во вредност од околу 10 милиони евра.
Граѓаните на Австрија најмногу користат ракети и огномет, се вели во истражување на Стопанската комора.
Секоја година околу 600 жители на таа држава се здобиваат со повреди по користењето пиротехнички средства.
Стопанската комора ги предупреди граѓаните дека испукувањето пиротехника е забрането во населени места и на масовни собири.