Македонската опера и балет утревечер од 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар ќе одржи Новогодишен концерт на кој ќе настапи целиот ансамбл на МОБ, солисти, Хорот и Оркестарот под диригентство на Борјан Цанев.
Солисти на концертот ќе бидат сопранистката Ана Дурловски, тенорот Михаило Арсенски и баритонот Марјан Јованоски. На програмата се најпознатите дела од Штраус, Штраус помладиот и оперетнит мајстор Калман.
Балетски солисти на концертот се Мими Поп Алексова-Атанасовска, Василиј Чичијашвили, Саша Ефтимова, Ивана Коцевска, Игор Велјановски, Билјана Басмаџиева и Дојчин Дочев (Бугарија).
Режисер е Дејан Пројковски, кореограф Олга Панго, костимограф Марија Пупучевска.
– Во ритамот на валцери и полки, ја пренесуваме виенската магија во Скопје, информираше МОБ најавувајќи го концертот кој од 2015 година го организира на првиот ден од Новата година.