Најдобрите книги за 2015-та година според „Гудридс“

Од:

Наградите според изборот на Гудридс, светски познатата веб-страница наменета за сите работи поврзани со книгите, а која има 40 милиони членови се единствените големи награди за книги што се избрани од читателите.

Во категоријата фикција најдобра книга во 2015 година е „Go set a watchman“/ „Оди постави стражар“, од Харпер Ли. Се работи за продолжение на претхдниот роман на Ли, „Да се убие птицата-подбивница“, за која ја доби Пулицерова награда.

Во категоријата Мистерија, трилер најдобра книга е Девојката од возот, од Паула Хокинс, дебитантскиот психолошки трилер на Хокинс се врти околу една жена која паднала на самото дно. Таа се вози со редовниот воз за Лондон секој ден, за никој да не дознае дека останала без работа, таа е алкохоличарка која едвај функционира и сè уште се влечка по својот бивш сопруг кој ја изневерувал. Кога ќе се затекне заплеткана во приказна за една исчезната мештанка, почнува да разоткрива ланец од опасни тајни – но, никој не ѝ верува.

За најдобра историска фикција е избрана книгата „The nightingale“/„Славејот“ од Кристин Хана. Најдобра книга за млади, според гласовите на читателите на „Гудридс“ е „All the bright places“/ „Сите светли места“, од Џенифер Нивен. Најдобра романса е „Confess“ / „Признај“, од Колин Хувер.

Во категоријата научна фантастика е избран романот „Golden son“ / „Златниот син“, од Пирс Браун. Се работи за втората книга од трилогијата за Дароу, трагичниот јунак кој се бунтува против угнетувачите за да го скрши елитистичкото општество и да го ослободи својот народ.

„Предупредување: Кратки раскази и растроености“, од Нил Гајмен е најдобра книга во категоријата фантазија. Последната збирка кратки раскази на Гајмен вклучува приказни за паранормалното, за духови и самовили, за мистериозното, за фантастичното и за ужасното.

12467714_10208436192557583_1825861764_n

Најдобра хорор книга за 2015 е „Saint odd“/„Свети Чуден“, од Дин Кунц во категоријата Мемоари и автобиографија избрана е книгата „A work in progress“ / „Работа во тек“, од Конор Франта, 22 годишен јутјубер.

Најдобра хумористична книга е „ Why not me?“ / Зошто не јас? од Минди Калин. Се работи за збирка зајадливи и урнебесни есеи на Минди Калинг во кои ги истражува сите лица на тоа да се биде жена во Холивуд – создавањето нови пријателства, вљубување, наоѓање задоволство и создавање место за себеси дури и кога се чини дека не треба да биде таму.

Во категоријата поезија избрана е книгата „The dogs i have kissed“/ „Кучињата што ги имам бакнато“, од Триста Матер.

Најдобра од книгите за готвење и храна во 2015 е „The pioneer woman cooks: Dinnertime“ / „Пионерката готви: Време за вечера“, од Ри Драмонд

Во категоријата литература за деца за најдобра е изгласана „The sword of summer“/ „Мечот на летото“ од Рик Риордан.

 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска