ЛП: Избори на 24. април 2016 е исто што и избори во 2014, „Пржино“ е ништовно

Од:

„По сите одложувања и пробивања на роковите од Пржинскиот договор, веќе е сосем јасно дека фер и демократски избори, „кристални“ или не, на 24 април 2016 не се возможни. Единствено возможни избори на 24 април 2016 се оние базирани на „праксата“ и „принципите“ од 2014. Затоа, сметаме дека единствен избор на опозицијата е да не прифати избори на посочениот датум.

Познат е ставот дека Либералната партија „Пржинскиот договор“ веќе го смета за ништовен.

Доколку во првиот следен настап Заев енергично не го одбие 24 април како датум за избори, нормални ќе бидат сомневањата дека постои „договор под маса“ меѓу Заев и Груевски.

Уште првиот пробиен рок на Пржино јасно ја покажа намерата на Груевски запролонгирање на роковите и за неизвршување на своите обврски. Поднесувањето оставка за него е само зацврстување на 24 април, а во тоа помош има и од Ахмети и од Тачи.

Од целокупната досегашна имплементација на договорот, поместување на изборите во период од два до три месеци нема да донесе суштински промениниту во избирачкиот список, ниту во медиумите, ниту во судството и полицијата, ниту во „техничката“ влада, а Специјалното јавно обвинителство нема да може да ги спроведе постапките навремено.

Оттука, според Либералната партија, суштинско решение е целосното анулирање на „Пржинскиот договор“. На потписниците на договорот од Пржино повеќе не смее да им се дозволи да носат одлуки за мнозинството од народот“, се вели во соопштението на Либералната партија.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска