Индија успешно тестираше ракета со голем дострел

Од:

Индија денеска направи успешно пробно лансирање на нова ракета со голем дострел земја-воздух, која е дизајнирана да одбива воздушни закани од голема далечина, пренесува БТА.

Тоа е дел од напорите на премиерот Нарендра Моди да ги зајакне воените можности на земјата.

Индија, која се граничи со две нуклеарни сили – Кина и Пакистан, планира да потроши 250 милјарди долари во наредните 10 години за да ги зголеми капацитетите на вооружените сили.

Индија е најголемиот купувач на обранбена техника, но Моди се обидува да изгради сопствена воено-индустриска база за да ги ограничи набавките од странство.

Ракетниот систем Барак-8,  кој беше тестиран денеска, е направен заеднички од Индија и Израел, во вредност од 1,4 милијарди долари.

Според соопштението на индиското Министерство за одбрана во Њу Делхи лансирањето е извршено од борбениот брод „Колката“ на индиската морнарица.

Ракетниот систем Барак-8, вклучува радар за откривање на непријателски објекти и подсистеми за ракетно следење и насочување. Само неколку земји поседуваат вакви можности, меѓу кои и Израел.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати