Кошаркарите на Кливленд остварија нова победа на гостински терен откако ноќеска го совладаа Денвер и сега имаа скор 2-2 (победи-порази) на последните четири натпревари, кои ги играат против екипи од Западната конференција. Решавачката предност за победата Кливленд ја направи во првиот дел, кој го доби со 53:42.
Најефикасен на дуелот беше Леброн Џејмс со 34 поени.
Екипата на Мемфис по продолжение успеа да стигне до победата над Мајами.
Резултати на ноќеска одиграните дуели во НБА лигата:
Денвер – Кливленд 87:93,
Мемфис – Мајами 99:90 (по продолжение),
Њујорк – Детроит 108:96,
Хјустон – Атланта 115:121 и
Оклахома Сити – Милвоки 131:123.
Пласман Источна конференција: Кливленд 21-9 (победи-порази), Атланта 21-13, Индијана 18-12, Торонто 19-13, Чикаго 17-12, Бостон 18-13, Орландо 18-13, Мајами 18-13,…
Пласман Источна конференција: Голден Стејт 29-1, Сан Антонио 27-6, Оклахома Сити 22-10, ЛА Клиперс 19-13, Далас 18-13, Мемфис 18-16, Хјустон 16-17, Јута 13-16,…