А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Седници на повеќе собраниски комисии

by А1он30/12/2015 - 08:3655
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за транспорт, врски и екологија, за финансирање и буџет, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Законодавно-правната комисија и Советот на Собранискиот канал.

Следете a1on на Instagram Instagram

Предлог – законот за медицинските сестри и акушерките, во прво читање е единствената точка на седницата на Комисија за европски прашања.

Советот на Собранискиот канал денеска ќе расправа по договорот за работа на Советот и за реализација на програмата и програмскиот план на Собранискиот канал за тековната 2015 година.

Членовите на Комисија за транспорт, врски и екологија на денешната седница ќе дискутираат за Предлог-законот за урбано зеленило, во прво читање.

Следете a1on на Youtube YouTube

На дневниот ред на седницата на Комисија за финансирање и буџет се предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за буџетите, на Законот за јавен долг, на Законот за Царинската управа, на Законот за хартии од вредност, а меѓу другите и на Законот за експропријација, на Законот за акцизите, на Законот за вршење на сметководствени работи, сите во прво читање.

Законодавно-правна комисија, како што е најавено, на седницата на дневниот ред ги има  предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за јавен долг и на Законот за буџетите, во второ читање, поднесни од пратениците од опозицијата.

Ќе се расправа и по Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, Предлог-закон за извршување, како и по Предлог-законот за дополнување на Законот за трговските друштва, сите во прво читање.  На дневниот ред е и Предлог на законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, во прво читање.

Утврдување предлог-одлука за разрешување на член на Државната изборна комисија, е точката по која ќе дискутираат членовите на Комисија за прашања на изборите и именувањата.

sobranie

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски09/09/2026 - 12:1009/09/2026 - 12:56

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on03/09/2026 - 17:4603/09/2026 - 17:57

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:47

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:0502/09/2026 - 14:14

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:38

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Горан Наумовски31/08/2026 - 13:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео