Остен ја промовира книгата „Визуелните уметности во Македонија – ХХ век“

Од:

Во Галеријата Остен во Скопје, утре (среда) ќе се одржи промоција на публикацијата „Визуелните уметности во Македонија – ХХ век“ Во првата книга од оваа едиција се застапени сликарство, скулптура, графика.

Издавач е „Остен“, воведниот текст е на Емил Алексиев, а застапени се и текстови на историчарите на уметност Соња Абаџиева и Емил Алексиев. Промотор на изданието е академик Богомил Ѓузел
Изданието е поддржано од Интернационалната фондација за музика и уметност.

Со воведниот текст на оваа публикација е направен пресек на состојбите во уметноста и културата во Македонија во 20-тиот век, со фокус на класичните медиуми: сликарството, скулптурата и графиката. Со текстови за нивниот живот и творештво и репродукции од нивни карактеристични дела, обработени се 50 уметници од Македонија кои твореле во овој период:

Димитар Аврамовски Пандилов, Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Вангел Коџоман, Томо Владимирски, Кераца Висулчева, Димо Тодоровски. Љубомир Белогаски, Борко Лазески, Миле Корубин, Борка Аврамова, Ристо Лозански, Вангел Наумовски, Богољуб Ивковиќ, Јордан Грабуловски – Грабул, Петар Мазев, Димитар Кондовски, Боро Митриќевски, Петар Хаџи Бошков, Спасе Куновски . Ордан Петлевски, Томo Шијаковиќ – Шијак, Драгутин Аврамовски – Гуте . Ристо Калчевски, Стефан Маневски, Родољуб Анастасов . Александар Јанкуловски- Цане, .Александар Ристевски, Васко Ташковски, Иван Велков, Васил Василев, Душан Перчинков, Танас Луловски – Тане, Глигор Чемерски – Гиче . Бора Иљоски, Владимир Георгиевски, Благоја Николовски, Анета Светиева, Киро Урдин, Димитар Манев . Димитар Малиданов, Божидар Дамјановски, Жарко Јакимовски, Рубенс Корубин, Димче Николов, . Благоја Маневски, Томе Аџиевски, Роберт Дандаров, Атанас Атанасоски, Невзат Бејтули – Кица.

Публикацијата претставува ексклузивно издание на 186 страници со текст на македонски и на англиски јазик, со над 100 репродукции во боја.
Прикажана е и временска табела на карактеристични настани од 20-тиот век од општеството, науката, технологијата во светот – споредени со настаните од областа на културата и уметноста, која го доловува контекстот на времето во кое секој од авторите, кои се обработени во книгата, живеел и творел.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска