Огромни суми за патни трошоци наплаќале пратениците Наумовски, Цуклев, Бонева, Мукоски

Од:

Собранието на Република Македонија исплатило 7,4 милиони евра за патни трошоци за користење на сопствено возило, за службени потреби на пратениците во изминативе 10 години. До овие податоци дошол Центарот за истражувачко новинарство СКУП- Македонија.

Драги Цуклев, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија втора година по ред е рекордер по наплатени пари за користење на сопствено возило за службени потреби. Годинава на негова сметка се уплатени 1, 1 милион денари или околу 18.500 евра, во споредба со лани, кога наплатил околу 25.000 евра.

12438776_10208427344416385_818714929_o

Пратеникот од изборната единица Азија и Австралија, Васко Наумовски, е скоро непознат за домашната јавност, тој ретко се појавува на собраниската говорница, за реплика или пак за да постави пратеничко прашање. Но, Наумовски успеал да наплати неверојатни 971.474 денари, или 15.800 евра, од Собраниската благајна од октомври 2014 до октомври 2015 година за користење на сопствено возило за службени потреби во Македонија.

Листата од пратеници кои наплатиле најмногу патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби, покрај Цуклев ја предводат Крсто Мукоски, Ромео Тренов, Сашо Василевски, Силвана Бонева, Момчило Аврамовски, Љуљана Златуроска и Рамиз Мерко.

Собранието на Република Македонија исплатило 7,4 милиони евра за патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби на пратениците во изминативе 10 години. Со овие пари можеше да се изградат 5 нови училишта со капацитет од 2.600 деца или 30 градинки со капацитет да згрижат околу 3 000 деца.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители