СДСМ: Ги исполнуваме сите преземени обврски

Од:

СДСМ е подготвен да ја исполни законската обврска за доставување на материјалите од незаконското следење на комуникациите. Впрочем, СДСМ секогаш ги исполнува преземените обврски, во интерес на граѓаните и во интерес на Република Македонија, се наведува во партиската реакција на денешната изјава на премиерот Никола Груевски дека Зоран Заев не ги предава материјалите до Специјалното обвинителство и оти бега од избори.

– Единствени коишто го кршат Договорот од Пржино и коишто применуваат татика на одолговлекување се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ очекува од сите страни да ги исполнат преземените обврски и Договорот од Пржино да се реализира во целост. Императив на Договорт од Пржино е кристално чист изборен и предизборен процес. Македонија тргна по незапирлив пат на промени и промените ќе се случат. Секој што го прекршил законот ќе одговара, стои во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента