СДСМ: Фабриките за барок на Груевски ја качуваат цената на струјата

Од:

„За време на 10 годишниот мандат на Никола Груевски струјата поскапе 100 проценти!

Струјата што ја плаќаат граѓаните поскапува поради зголемениот увозот на скапа струја.

Македонија увезува струја затоа што нема домашно производство.

РЕК Битола е постојано во колапс. Ниеден друг енергетски капацитет не работи освен државната компанија ЕЛЕМ којашто гради барокни фасади и пешачки патеки наместо да вложува во енергетскиот систем.

Фабриките за барок на Груевски ја качуваат цената на струјата.

Од фабриките за барок на Груевски 80 проценти од граѓаните се во енергетска сиромаштија.

И по 100 процентното качување на струјата, Груевски најавува 100 денари помош за овие граѓани и изградба на мали хидроцентрали, чијашто бројка не е ни половина од неговите виртуелни ветувања.

Како тоа да беше малку, па власта на Груевски ја укина и ефтината тарифа на струјата.

СДСМ ќе ја врати ефтината тарифа на струјата.

Ќе преземеме крупни инвестициски чекори за ефикасна работа на ТЕЦ Неготино, на РЕК Битола, на ТЕЦ Осломеј.

Природниот гас ќе биде достапен во цела Македонија, како ефтин и еколошки енергенс.

Ќе воведеме реални субвенции за домакинствата кои ќе го користат сонцето како извор на енергија.

Новите ветувања на Груевски се за јануари и февруари кога тој повеќе нема да биде премиер.

Сфати и Груевски, за граѓаните е можен живот во Македонија само ако тој не е премиер“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он