(ВИДЕО) Шилегов: Евтини пропагадни трикови на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и јас како претседател на Анкетната комисија нема со нишо да дозволиме, Собранието на Република Македонија да стане партиска подружница на ВМРО-ДПМНЕ и да биде исполнител на желбите на Никола Груевски.

Анкетната комисија и СДСМ нема да дозволиме да бидат верификатор на криминалот и незаконитоста на работењето на Никола Груевски“, рече на денешната прес конференција, Петре Шилегов, пратеник и претседател на Анкетната комисија за прислушувањето.

„Ова се однесува по однос на двете денеска доставени барања од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ едно до претседателот на Собранието за свикување седница на Анкетната комисија за скандалот со прискушуваните разговори и другата за формирање на некаква си нова Комисија за така наречената фабрика за афери којашто не е еништо друго туку е евтин пропагандистички трик ан ВМРО-ДПМНЕ со цел да се избегне нивната одговорност, одговорноста на нивните функционери со евидентните, дури и докажани криминали и корупција за којашто цел беше и постигнат договорот од Пржино, беше и формирана Анкетната комисија.

Евтините пропагантистички теории на ВМРО-ДПМНЕ не може и не смеат да бидат предмет на анализа и работа во Собранието на Република Македонија“, изјави Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента