Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер очекува следната година во државата да бидат поднесени до 120.000 барања за азил.
– Оваа година веќе има 86.500 луѓе кои поднесоа барање за азил, изјави Микл-Лајтнер.
Таа нагласи дека следната година Австрија ја очекува уште поголем број подносители на молби за азил.
– Ако не направиме ништо, во 2016 година мора да сметаме на 120.000 барања за добивање азил, изјави министерката.
Според неа, таа цифра мигранти ќе ја чини државата околу една милијарда евра.