СДСМ: Груевски го уништи јавното здравство за тендер фабриките во приватното

Од:

„Никола Груевски го интересираат само фабрики за тендери, а не граѓаните. Груевски и неговиот тендер партнер Тодоров, кои со авантуристичките политики го срушија јавното здравство, бараат нови корпуциски простори.

Како што Груевски со Ставрески ги одраа граѓаните со криминалецот Субрата Рој и виртуелните економски инвестиции, истото Груевски сака да го направи со Тодоров со виртуелни инвеститори во идната слободна здравствена зона.

На Груевски му се гледа малку што им одзеде 10 години живот на граѓаните на Македонија за да се збогатат тој, братучед му Мијалков и неговата фамилија и сега во бунило сонува за нови 10 години.

Груевски покрај сите останати давачки, ќе ги ослободел виртуелните здравствени инвеститори и од данок на добивка во следните 10 години!

Сите трошоци на виртуелните инвеститори треба да паднат повторно на товар за граѓаните на Република Македонија!

Туристичките болници на Никола Груевски се уште еден доказ дека Груевски со Тодоров 10 години свесно го уништува јавното здравство, за да профитираат бизнис партнерите на премиерот во заминување, во приватното здравство.

Поради свесните катастрофа политики на Груевски и Тодоров во јавното здравство:

-Нема нов Клинички центар во Скопје

-Нема нова Клиничка болница во Штип

-Во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ

-Дијабетичарите добиваат неисправни апарати за мерење шекер

-Пациентите на Кардиологија мерат притисок со полуисправни холтери

-Луѓе кој крварат сами си купуваат завој

-Се пука во лекари

-Над 200 лекари годишно ја напуштаат Македонија!

Затоа по 10 годишна власт Тодоров најавува покачуање плати за здравствените работници на крајот од следната 2016 година кога ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема да биде на власт.

Пациентите, лекарите, граѓаните се одлучни:

Груевски и неговите соработници заминуваат во историската меморија на Македонија. Збогум Груевски и збогум на твоето друштво“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата