Поради опасност од тероризам, австрискиот главен град може оваа година да остане без „Новогодишната патека“, односно најголемиот организиран дочек на Нова година под ведро небо.
Таму секоја година има стотици илјади жители на Виена и туристи, објави весникот „Естерајх“.
Разузнавачките служби предупредуваат на опасност од терористички напади на масовни манифестации, па и на прославата на Нова година што претстои.
На „Новогодишната патека“ во Виена се собираат секоја година околу 700.000 луѓе.
– Се уште нема конкретна закана, но не се исклучува во целост откажување на манифестацијата, изјави Патрик Мајерхофер, портпарол на полицијата.