Аргентинските власти во текот викендот објавија формален демант дека Маријана Маријани, една од основачките на здружението Бабите од Мајскиот плоштад не е генетски поврзана со жената за којашто се сметаше дека е нејзина внука, грабната за време на диктатурата пред 39 години.
На Бадник беше објавено дека Маријана Маријани, по 39 години потрага ја пронашла својата внука која имала три месеца кога ја грабнал полицаец по убиството на нејзината мајка во текот на аргентинската диктатура во периодот од 1976 до 1983 година.
Клара Ахани, сметана за исчезната од 24-ти ноември 1976 година, стана 120-то дете кое го „украла хунтата и кое е идентификувано, објави во четвртокот Фондацијата Ахани која во 1989 година ја основа Марија Маријани, откако го напушти челништвото на Бабите од Мајскиот плоштад. Својата вест фондацијата ја заснова на резултатите од генетската анализа меѓу двете жени чии ДНК, како што објави, се совпаѓаат со 99,9-процентна сигурност.
Меѓутоа, аргентинските власти потоа објавија дека две други генетски анализи, официјални, заклучиле дека не постои врска меѓу Маријана Маријани и 39-годишната жена чиј идентитет не е објавен.
Според Пабло Паренти, функционер во владината агенција задолжена за потрага по децата кои исчезнале во текот на диктатурата, првата анализа на ДНК е извршена на почетокот од годината, а резултатот на втората која ја спровела BNDG, националната институција задолжена за службени анализи во таквите случаи, објавен е во петокот.
„Двете анализи не заклучуваат дека не постои роднинска врска меѓу генетскиот материјал на младата жена и оној од семејството на Марија Маријани, како и дека таа не постои ниту со другите семејства кои сé уште тргаат по своите исчезнати деца“, се вели во официјалното соопштение.