СДСМ: „Радио слободна Македонија“ со еден вработен заработило 242.000 евра

Од:

„Радио слободна Македонија“ е уште еден провладин медиум, покрај „Курир“ и „Република“, за којшто е нејасно на каков начин се стекнува со високи приходи, коментира СДСМ.

„Според податоците од Централниот регистар, ‘Радио слободна Македонија’ во 2012 остварила приход од 2.000 евра. Но, во 2013 година заработката на провладиното ‘Радио Слободна Македонија’ рипнала на 242.000 евра. Тоа е годишно зголемување на приходите од 240.000 евра! Како што покажува документот во прилог овие 242.000 евра ги обезбедил само 1 вработен во ‘Радио слободна Македонија’! Како е можно само 1 вработен да оствари приходи од 242.000 евра?’, прашува СДСМ.

Според партијата, заедно со 2014 година вкупниот приход на „Радио Слободна Македонија“ изнесува над 617.000 евра.

„Јавноста знае дека еден од сопствениците на радиото Слободна Македонија е фирмата НВСП. Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков. Преку проектот Вистината за Македонија, јавноста дозна НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои Мијалков“, објаснуваат од СДСМ.

Оттаму нагласуваат дека јавноста очекува одговори како „Радио Слободна Македонија“ само со еден вработен стекнало големи приходи?

Би можело да ве интересира

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента