НДМ го одржа традиционалното предновогодишно свечено годишно

Од:

Народно движење за Македонија вчера го одржа традиционалното предновогодишно свечено годишно собрание на партијата во хотелот Континентал во Скопје.

Претседателот на НДМ Јанко Бачев меѓудругото истакна:

Традиционално секоја година на годишното собрание на Народно движење за Македонија ги сумираме нашите партиски активности во годината што изминува. На партиски план можам да изразам задоволсто, бидејќи ја зголемивме партиската инфрастуктура и во моментот имаме 34 општински комитети. На државен план имавме една поактивна улога со бројни соопштенија и прес конференции, а како позначајно би го истакнал предлог-планот од 7 точки за надминувањето на кризата кој на 18 мај го доставивме лично на Заев и Груевски од кој досега се прифатени три точки. И во оваа прилика апелирам Груевски и Заев да се вразумат и кризата да ја решаваат на домашен терен, со домашна памет и со македонскиот народ, а не да ја бламираат земјата пред европските бирократи. Изгледа не учат од минатото кога и нивните претходници Црвенковски и Георгиевски во воената 2001-ва одеа кај Летоар и Пердју и само се кодошеа меѓу себе на штета на земјата. Еве слушаме по празниците ќе дојде еврокомесарот Хан и најопасната варијанта е ако Груевски и Заев на одвоените средби што ќе ги имаат со него само се кодошат еден со друг, бидејќи во таков случај најмалку што можат да очекуваат е смеењето и мајтапењето на нивна сметка кога ќе излезат од канцеларијата на Хан. Граѓаните очекуваат фер избори во април 2016, а Заев и Груевски со невидено лицемерие глумат демократија, бидејќи сакаат да ги контролираат сите медиуми. А од друга страна ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во овие 25 години ги премолчаа сите антимакедонски потези со кои се изврши рекомпонирање на политичкиот систем, редефинирање на унитарниот карактер на државата, ново територијално прекројување на Македонија, скршена е самодовербата и самопочита на македонскиот народ, заговараат промена на вековното македонско име… Зарем ќе заборавиме што и направија на Македонија двете најголеми партии! Гледаме во моментот и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повикуваат на голема изборна победа на изборите во април 2016, но големите изборни победи се несреќа за македонскиот народ бидејќи отвораат порта за наплив на политички реваншизам и еден реваншизам заменува друг. Таква агонија ние во Народно движење за Македонија не прифаќаме. Нема да има решение на кризата дококу само гласаме да погодуваме дали ќе победи ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Затоа на Македонија и треба радикална промена – рече меѓудругото Бачев.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска