Спасовски: Без нов, кристално чист, доверлив Избирачки список, не се можни фер избори

Од:

Роковите за прочистување на Избирачкиот список се одамна поминати. По сите злоупотреби што ги најдовме и тоа само што чепнавме на површината околу начинот на којшто се издавале лични документи од страна на МВР, со коишто се гласа, повеќе од јасно е дека постојниот Избирачки список е крајно спорен, со сериозни индикации за криминални податоци во него, што ги компромитираат изборите, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за Утрински весик.

– МВР за ова ги презема и ќе ги преземе сите потребни чекори според законските надлежности и овластувања. Како што знаете, Избирачкиот список сега е во целосна надлежност на Државната изборна комисија, која треба да ја утврди методологијата на прочистување. Но, роковите за ова се одамна пробиени. Без нов, кристално чист, доверлив Избирачки список, не се можни фер избори – вели Спасовски.

За ситуацијата на границата тој вели дека е под контрола и стабилна. Безбедносните сили, според него, постапуваат на ниво на професионалноста.

– Има наплив на мигранти, најголем дел од луѓето не се тука затоа што сакаат, туку затоа што морале да се оддалечат од родните земји. Меѓу нив има деца, има измалтретирани луѓе од долгиот пат. Македонија е обврзана со меѓународните конвенции да ги штити човековите права, како што има одговорност пред своите граѓани да ја обезбеди нивната стабилност. Затоа државата мора да ги насочи своите капацитети да обезбеди сигурност за граѓаните на Македонија, како и хуман третман на бегалците. МВР дејствува во таа насока. Имаме редовна комуникација и координација со земјите од регионот и во постојан контакт и координација сме и со државите од Европската унија, бидејќи проблемот е заеднички – вели Спасовски во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски