Тодоров: Пациентите од струмичкиот регион ќе добијат нова болница

Од:

Со  дооформувањето на започнатата градба на објектот на Општа болница Струмица, кој е изграден до фаза карабина во 1985 година, Владата ќе реализира  уште едно ветување од својата Програма, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.

Станува збор, како што појасни за објект кој стои речиси 30 години и практично тоа ќе дојде како градба од почеток, со што пациентите од струмичкиот регион ќе добијат нова болница.

– Оваа болница обезбедува здравствени услуги за жителите од Радовиш, Валандово, Дојран, Богданци, Пехчево и  Берово, односно за над 230 илјади жители. Според податоците од системот МојТермин само во текот на 2015 година над 53 илјади пациенти се упатени кон оваа болница, а креирани се над 190 илјади упати кон болницата, рече Тодоров.
 
Тендерот, како што информира министерот за здравство, е веќе објавен, односно отпочната е тендерската постапка за градежните работи на објектот на Општа болница – Струмица, а отворањето на понудите е на 5 февруари. Вредноста на овој проект  е проценета на 275.000.000 денари.
 
– Иако предвидениот рок за овој проект кој го дадовме пред граѓаните во Програмата на Владата беше вториот квартал од 2017 – 2019 година, сепак Владата донесе одлука за повеќегодишна набавка, односно вложи заложби за ова исклучително значајно ветување за граѓаните од Струмица и струмичкиот регион да го реализираме, како што сме ветиле, па дури и пред предвидениот рок, истакна Тодоров.

Со овој проект, како што додаде, предвидено е дооформување и адаптација на постојниот  објект, таканаречениот „Хируршки блок“, кој се состои од два блока: блок А и блок Б и со овој проект опфатени се и двата блока со вкупна површина од околу 6.500 м2.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование