Стеф Кари верува дека во моментов никој не може да се мери со него на кошаркарските терени. Бекот на Голден Стејт го зголеми сериозно нивото на настапи и минатата сезона ја освои наградата за МВП на сезоната.
Сега, меѓутоа, изгледа уште подобар, а и самодоверба не му недостасува.
Во интервју за списанието „Тајм” на прашањето дали се смета за најдобар играч во Светот, тој одговори: „Да, јас лично сметам така. Уверен сум дека можам да играм секоја вечер на многу високо ниво. Не сакам сепак да влегувам во полемики и спорови што би направил против некој друг. За мене најважно е да имам самодоверба и да знам што можам да направам“, изјави Кари.
Тој е лидер со 31,2 поени на натпревар оваа сезона, што е повеќе од 7 во споредба со минатата сезона.
Шутот од игра е извонреден – 51,6%, а од тројката е смртоносен – 44,8%. Освен тоа има по 5,4 скока, прави 6,3 асистенции и краде по 2,2 топки по натпревар, што покажува дека навистина се наоѓа во импресивна форма.