Во најсилната светска кошаркарска лига синоќа се играа пет натпревари, а на еден од нив шампионот и лидер во Западната конференција, Голден Стејт беше поуспешен од првопласираниот на Истокот, тимот на Кливленд.
Во градското дерби на Лос Анџелес, Клиперс беа подобри од Лејкерс.
Постигнати резултати:
Мајами – Њу Орлеанс 94:88 (по продолжение),
Оклахома – Чикаго 96:105,
Голден Стејт – Кливленд 89:83,
Хјустон – Сан Антонио 88:84,
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 84:94.
Вечерва се играат 13 натпревари.
Пласман Источна конференција: Кливленд 19-8 (победи-порази), Атланта 19-12, Мајами 17-11, Торонто 18-12, Чикаго 16-11, Орландо 17-12, Индијана 16-12, Детроит 17-13,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 28-1, Сан Антонио 25-6, Оклахома Сити 20-10, ЛА Клиперс 17-13, Далас 16-13, Мемфис 16-15, Хјустон 16-15, Јута 12-15,…