„Опасен сум“ на Славчо Ковилоски преведен на Бошњачки

Од:

Во издание на Книжевниот клуб од Брчко, деновиве на бошњачки јазик излезе џебното издание на романот „Опасен сум“ од Славчо Ковилоски. Преведувач на романот е Жарко Милениќ.

Според издавачот, книгата треба да претставува новогодишнен подарок за читателите во Босна. Покрај преводот на романот, на крајот на книгата се наоѓа поговорот на професорот по бошњачки јазик и книжевност Сеад Хусиќ. Хусиќ нагласува дека станува збор за „една едноставна приказна, но со сложена структура“ роман-скица, синопсис за главниот јунак, во кој доминира црниот хумор, иронијата и самоиронијата.

Минатата година овој роман беше објавен како електронска книга во Србија, а за 2016 година е предвидено објавување во Хрватска.

Славчо Ковилоски е автор на монографиите „Милош С. Милоевиќ и српските претензии кон Македонија во XIX век“ (2009), „Патописот во македонскиот XIX век“ (2010), „Деспот С. Баџовиќ, непознати страници за еден Македонец“ (2010), „Прилепчани XIX век, енциклопедиски именик“ (2010), „Македонија – кратка енциклопедија револуционери“ (2011), „Почетоците на македонскиот патопис“ (2011), „Македонија и Балканските војни“ (2012), „Џебна енциклопедија на македонски револуционери“ (2012). Тој е главен и одговорен уредник на списанието за литература Современост.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска