Полскиот тенисер Јиржи Јановиц, кој од квалификациите избори учество на Мастерсот во Париз ќе игра во полуфиналето, откако попладнево го елиминира Јанко Типсаревиќ од Србија.
Неговиот противник во третиот сет при резултат 4:1 во гемови го предаде мечот поради здравствени проблеми. Првиот сет му припадна на Типсаревиќ со 6:3, а вториот го доби Јановиц со 6:1.
Противник на Јановиц во полуфиналето ќе му биде Французинот Жил Симон, кој со 2:0 во сетови го победи Томаш Бердих од Чешка.
Во другите два четвртфинални мечеви вечерва играат Жо Вилфред Цонга (Франција) – Давид Ферер (Шпанија) и Мишел Лодра (Франција)– Сем Куери (САД).