По повод 71 година од возобновувањето на работата на Еврејската заедница во Македонија по Втората светска војна денеска во Македонската академија на науките и уметностите ќе биде промовиран зборникот од Меѓународната научна конференција „Евреите во Македонија: историја, традиција, култура, јазик и религија“.
Промоцијата на зборникот е во организација на Еврејската заедница во Република Македонија заедно со МАНУ и Институтот за национална историја од Скопје.