Димковска и ја врати наградата на директорката на „Браќа Миладиновци“

Од:

Писателката Лидија Димковска која од Библиотеката Браќа Миладиновци, прво беше прогласена за најчитан автор за возрасни во 2015 година, а потоа експресно, нејзниното признание беше преименувано во нова категорија „Најчитан автор што твори надвор од границите на Македонија“, кое никаде не беше објавено – се огради од оваа награда.

Таа своето признание и го враќа на директорката на библиотеката, Гордана Петревска.

„Признанијата, иако се чудо за три дена, за секој писател се значајни но само доколку се плод на професионален и искрен однос кон авторот и неговото дело. До сега сум добила многу признанија, но никогаш немало никаква сенка што би ги осуетила.

Се до вчера, кога не можев да поверувам дека некој може да манипулира дури и со признанија кои не ги доделува самиот или на конкурс туку се директен резултат на бројот на позајмени книги од страна на читателите и читателките на моите дела во скопските библиотеки.

Во нивно и во мое лично име не ја признавам ad hoc новововедената награда за најчитан/а (раселен/а) автор/ка, а плакетата и ја отстапувам на в.д. директорката на Градската библиотека Браќа Миладиновци г-ѓа Гордана Петревска „за спомен и долго сеќавање“ на скандалот што сама (или некој над неа) с/и го скрои.“, напиша Димковска на својот фејсбук профил.

Лидија Димковска е автор на романите „Скриена камера“ и „Резервен живот“, а автор е и на повеќе поетски книги. Нејзините дела се преведени на повеќе јазици и е добитник на значајни меѓународни книжевни награди.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска