ДОМ избра секретар, шеф на Изборен штаб и заменик

Од:

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) доцна синоќа ја договори рамката на предизборната кампања. Ќе настапува како зелена партија, а Централен одбор ги избра, за секретар Христа Најданов, за шеф и заменик шеф на Изборниот штаб Тони Ристов и Христа Најданов, а за член на ЦО Дане Милошевски.

Христа Најданов е еден од основачите на ДОМ. Магистрирал на ЛУМСА Универзитетот во Рим, а има богато искуство во граѓанскиот и хуманитарниот сектор како застапник на жртвите од семејно насилство.

ДОМ соопшти и дека Централниот одбор го разрешил досегашниот член Денко Скаловски поради програмско разидување. Тој веќе не ја претставува партијата во Советот на Град Скопје за што е испратено и официјално известување.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата