Заедничка промоција на Дарко Лешоски и Ана Јовковска во Прилеп

Од:

Книжевна дружба со Дарко Лешоски и Ана Јовковска, на која ќе бидат промовирани нивните книги “Дете од лоша фамилија“ и „Пулсот на времето“, ќе се одржи во Прилеп, овој петок, 25 декември во 20,30 часот, во клубот „The Gallery House Pub“. Нивниот перформанс ќе го облагороди групата „Чалгија саунд систем“.

– Душата е дете. Сите души се деца. Како мали деца се радуваме со Дарко Лешоски на нашата заедничка книжевна дружба. А јас и Дарко сме толку различни, како црното и белото во еурокремот. Тој е релаксиран поет, декаден вљубеник во уметноста, вулгарен, но искрен до срж, а јас сум „контрол-фрик“, ситничарам врз нијансите на секој интерпукциски знак, барам виножито во ставовите и со лупа ги барам скриените значења зад секој збор. Дарко и забива нокти на ноќта, а јас енергијата ја црпам од првиот сончев зрак на денот. Тој поминува на црвено, а јас чекам на зелено. Но имаме барем нешто заедничко – вљубени сме во пишувањето и во животот…и непоправливо веруваме во победата над злото! И двајцата сме емотивни вампири и се храниме од чувствата на луѓето на кои им значи она што го работиме, толку различно, а сепак споено во еден заеднички предновогодишен, културен настан во Прилеп, вели Јовковска.

12415832_10208384442103854_879288821_o

– Пред луѓе читам ретко. Ова ми е втор или трет пат годинава. Мекнеам ко млада невеста. Ќе има и музика додека читаме и зборуваме јас и Ана. Нема да има две монтирани вински чаши како во студио на МТВ од 1993-та, нема да има ништо сечено, лепено или монтирано. Дури се расправаме кој бил почитан или најчитан македонски автор, а сите знаеме дека не е ни еден писател, ами е премиерот и соопштенијата на партиските штабови, дури во некое студио се снима новогодишна емисија и се глуми лудило, јас и Ана ќе ви се отвориме да не прашате што сакате и на која тема сакате, па макар навлегле и пет пати повеќе од дозволеното ПМ10 честички во нашите гради. Ана е ден. Јас сум ноќ. Но, една работа секогаш ќе се сложиме: Сите ќе умреме! Да, ама поезијата и убавиот збор прави полесно да го прифатиме тоа. Јас полесно да го пребродам денот, Ана полесно да ја преброди ноќта, вели Лешоски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска