Запленети 26.849 парчиња петарди и други пиротехнички средства

Од:

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, полициските станици од општа надлежност „Центар“ и „Бит пазар“, како и Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“, во текот на овој месец запленија 26.849 парчиња петарди и други пиротехнички средства за што ќе бидат поднесени кривични пријави против две лица од Скопје, а веќе се поднесени четири барања за поведување прекршочна постапка против исто толку скопјани.

Како што информира МВР, Едниницата за недозволена трговија, по претходно изработен план за преземање на мерки и активности за сузбивање на препродажба на експлозивни материи реализира две кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ при што се пронајдени и одземени вкупно 23.100 парчиња пиротехнички средства.

– Во првиот случај кај А.И. (59) од Скопје, при извршен преглед и претрес на моторно возило на улица „Славеј Планина“ пронајдени се и одземени вкупно 10.600 парчиња пиротехнички средства, додека во вториот случај М.М. (29) од Скопје е забележан при пренесување на пиротехнички средства во количка на улицата „Отокар Кершовани“ и по извршениот преглед, пронајдени се и одземени 12.500 парчиња различни видови на петарди и пиротехнички средства, соопшти МВР.

На подрачјето на полициската станица Центар, регистриран е еден настан на нелегална продажба на пиротехнички средства, прекршок казнив по член 69, став 4 од Законот за заштита од експлозивни материи, за што до надлежниот Суд за прекршоци се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка против С.К. (20), Б.О. (20), Ф.С. (26) и еден 14 годишен малолетник, кај кои на 15. овој месец при направен личен пеглед на крстосницата меѓу булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Мисирков“, пронајдени и одземени се 326 парчиња петарди и пиротехнички средства.

На подрачјето на полициската станица Ѓорче Петров, по преземани мерки и активности за сузбивање на нелегалната продажба на експлозивни материи, на 10. овој месец во продавница во село Волково сопственост на Б.С. (46), одземени се вкупно 3.423 парчиња пиротехнички средства.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски