Победи за водечките екипи во НБА конференциите

Од:

Во НБА лигата ноќеска беа одиграни 13 натпревари, а водечките екипи во двете конференции Голден Стејт (Запад) и Кливленд (Исток) постигнаа победи.

За шампионот Голден Стејт ова беше 27.триумф, а успешна ноќ имаа и второ и третопласираните на Западот Сан Антонио и Оклахома Сити.

На Истокот Атланта се проби на втората позиција, откако на домашен терен беше подобра од Детроит.

Постигнати резултати на НБА натпреварите одиграни ноќеска:
Шарлот – Бостон 89:102,
Кливленд – Њујорк 91:84,
Индијана – Сакраменто 106:108,
Орландо – Хјустон 104:101,
Вашингтон – Мемфис 100:91,
Бруклин – Далас 118:119 (по продолжение),
Атланта – Детроит 107:100,
Милвоки – Филаделфија 113:100,
Минесота – Сан Антонио 83:108,
Њу Орлеанс – Портланд 115:89,
Феникс – Денвер 96:104,
Голден Стејт – Јута 103:85,
ЛА Лејкерс – Оклахома 85:120.

Вечерва не се играат натпревари поради католичкиот Божик.

Пласман Источна конференција: Кливленд 19-7 (победи-порази), Атланта 19-12, Торонто 18-12, Мајами 16-11, Орландо 17-12, Чикаго 15-11, Индијана 16-11, Детроит 17-13,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 27-1, Сан Антонио 25-5, Оклахома Сити 20-9, ЛА Клиперс 16-13, Далас 16-13, Мемфис 16-15, Хјустон 15-15, Јута 12-15,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on