Промовинара книгата „Солзите на Преспана“ на Лидија Дочовска-Павловска

Од:

Во големата сала на општина Ресен синоќа беше промовирана првата книга поезија на Лидија Дочовска-Павловска „Солзите на Преспана“.

Преку поезијата, авторот ги пренесува филозофско-психолошките размислувања за одредени состојби во животот. Песните на Дочовска-Павловска се симбиоза на лирски тонови и рефлексиран одсјај, низ кој провејува односот за човек меѓу човек.

– Во релацијата човек меѓу човек ја гледам смислата на животот, на опстојувањето, затоа што кога постои човечки однос меѓу луѓето тогаш постои љубовта. Кога убавиот збор ќе се употреби во меѓучовечките односи не само во поезијата, тогаш светот би бил поезија, вели Дочовска-Павловска.

Книгата, како што посочи, насловот го добила по митот за настанувањето на името Преспа и на Преспанското Езеро. За првата поема, која го носи името „Солзите на Преспана“ авторот истакна дека е автобиографска.

– Поемата претставува кованица од убавината и љубовта кон преспанскиот крај,  себепотрагата и оптимистичката порака за секој од нас, да се гледа напред  низ животот. Првата и последната песна се пишувани во стилот на преродбениците,  останатите низ шест циклуси се пренесени на еден посебен стилски изграден поетски израз со сопствена конзистентна поетска визура, рече Дочовска-Павловска.

Песни од книгата „Солзите на Преспана“ уште необјавени беа наградени на повеќе национални конкурси. Истиомената поема е добитник на првата награда на манифестацијата ,,Поетска везилка“ во Прилеп, одржана во чест на доајенот на македонската литература Блаже Конески. Песната ,,Расчекор“ ја доби Климентовата повелба за најубава песна, додека песните  „Немир во мир“, „Без наслов“, „Лотосов сон“, „Маски и Битие“ ќе бидат дел од Македонската новогодишна антологија. Три лирски песни се преведуваат на бугарски јазик и ќе бидат дел од меѓународна антологија…

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска