Средба со музикологот Христо Христовски-Мулар вечер ќе се одржи во Мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје.
На средбата ќе бидат промовирани четири антологии на влашки песни и две збирки на македонски фолклорни бисери.
За творештвото на познатиот автор од Крушево ќе говори проф.д-р Јане Коџобашија, а промоцијата ќе биде збогатена со музички настап на авторот и на магистер Билјана Јосифов.