Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје денеска ќе бидат прогласени најчитаните македонски автори за 2015 година.
Годинава тоа значајно признание што доаѓа од читателите ќе го понесат Велко Неделковски, автор за деца и Блаже Миневски, автор за возрасни а воедно ќе им бидат врачени плакети.
При тоа за творештвото на Велко Неделковски ќе зборува Александар Кујунџиски а за Блаже Миневски Данило Коцевски.