Шпанските социјалисти одбиваат да и дадат поддршка на новата влада на Мариано Рахој

Од:

Лидерот на Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ), Педро Санчез денеска изјави дека пратениците социјалисти во шпанскиот Парламент ќе гласаат против нова влада предводена од актуелниот премиер Маријано Рахој.

Санчез нагласи дека ПСОЕ нема да прифати договор со конзервативната Народна партија (ПП) на Рахој околу изборот на нов владин кабинет.

– Му велиме „не“ на Рахој и на неговата политика, изјави Санчез на прес-конференција во Мадрид, одржана по неговата средба со Рахој.

Санчез најави деќа социјалистите „ќе работат на формирање нова влада, влада на промени, со прогресивни идеи и капацитет за дијалог“.

По неделните парламентарни избори во Шпанија, ниту една партија не е во можност самостојно да формира влада. Евентуална коалиција меѓу ПП и ПСОЕ е единствена комбинација што може да обезбеди формирање двопарстиска мнозинска Влада. Во сите други комбинаторики, без една од овие две партии, за обебзедување мнозинство поребна е поддршка и од некои од помалите партии.

Претходно денеска, лидерот на либералната партија Граѓани, Алберт Ривера ги повика ПП и ПСОЕ да постигнат договор за формирање стабилна влада, со цел земјата да се заштити од сепартистичкото движење во Каталонија.

– Предлагаме пакт меѓу Народна партија и социјалистите, со цел никој да не може да ги искористи слабоста и неизвесноста и на тој начин да ја подели земјата, изјави лидерот на партијата Граѓани, која е четврта по големина политичка сила во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата