Сојузот на спортови на град Скопје денеска ги избра најдобрите спортисти за 2015 година, на кои им додели пригодни плакети.
Во конкуренција на сениори признанија добија:
Евгениј Поп Ацев (маратонско пливање),
Ненад Манојловски (кик бокс),
Дејан Недев (традиционално карате),
Игор Стефановски Иџе (автомобилизам),
Мартин Несторовски (карате).
Од младинците за годинава што изминува за најдобри се прогласени:
Мила Саздова (традиционално карате),
Петар Заборски (карате),
Бобан Илијоски (кик бокс),
Филип Талески (ракомет) и
Рамадан Мустафовски (борење).
Најуспешни тренери за 2015 година се:
Раул Гонзалес (РК Вардар) и
Дејан Митровски (кик бокс).
Во конкуренција на екипи за најдобри се прогласени машката и женската екипа на Вардар.