Лидерот на десничарската партија „Сијудаданос“ (Граѓани), која зазеде четврто место на изборите во Шпанија, Алберт Ривера, повика денеска на склучување договор меѓу Народна партија и социјалистите за да се воспостави стабилна влада, а земјата да се заштити од Движењето за независност на Каталонија.
– Предлагаме пакт меѓу Народна партија и социјалистите за да никој не ја искористи слабоста, неизвесноста, и на тој начин да ја подели земјата, изјави Ривера.
На изборите во Шпанија, одржани на 20 декември, победи партијата на шпанскиот премиер Маријано Рахој, Народна партија, на второ и трето место се наоѓаат социјалистите и Подемос, додека четвртото место ја зазеде партијата „Сијудаданос“.