Вечерва, со почеток во 18 часот, во ГЕМ клубот во Стара чаршија, ќе се одржи промоција на книгата „Сеќавања од животот“ Том II (1912 – 1925) од Еќрем-бег Вљора, во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
„Сеќавања од животот“ од Еќрем-Бег Вљора, освен приказ на бујниот и интересен живот на еден албански достоинственик од крајот на отоманскиот период, содржи и многу ретки согледувања за Албанците и Албанија, но и за Македонија и другите краишта во регионот. Книгата освен на германски, веќе е издадена на албански и турски јазик, веднаш станувајќи неизбежна референца во релевантната тематика и период на историографијата.
Говорници на промоцијата ќе бидат Егин Цека, политиколог, Драги Ѓоргиев, историчар и Роберт Несими, аналитичар. Модератор ќе биде Рамадан Рамадани, историчар.