Албанија: Мајка со 6-годишна ќерка се фрли од зграда

Од:

Несекојдневен настан утрово ги вознемири жителите на албанскиот пристанишен град Драч, кога 31-годишна жена се фрлила заедно со својата 6-годишна ќерка, од 4-ти кат од зградата во која живеела.

Несреќната жена и девојчето веднаш биле префрлени во болницата во Драч, од каде информирале дека малата е надвор од животна опаснот, но оти нејзината мајка неколку часа по несреќата, починала од здобиените повреди.

Според последните информации од увидот, жената се фрлила заедно со девојчето што го имала во нејзините прегратки. Полицијата потврди дека жената била разведена и имала психички проблеми од кои се лекувала. Според очевидци, утрово мајката излегла од дома за да го носи девојчето во забавиште, но по малку се предомислила и се вратила назад.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски