Германскиот магазин „Бунте” објави дека Михаел Шумахер со помош на физиотерапевт повторно може да се движи, да ја крева раката во воздух, но портпаролот на семејството Сабине Кем ги негираше шпекулациите за “Independent”.
– Тој е премногу слаб, но повторно може да оди и да ја крева раката со помош на терапевт, изјавил неименуван извор за германското списание.
Меѓутоа, набрзо блиските на Михаел Шумахер ги демантираа овие шпекулации.
– Тврдењата не се вистинити. Ваквите шпекулации се неодговорни. Со оглед на тежината на повредата на Михаел приватноста му е многу важна.
Седумкратниот шампион во Формула 1 пред две години се здоби со повреда на главата додека скијал, а неговата борба за живот се уште трае.