СДСМ ќе ги искористи сите механизми за да спречиизборна корупција

Од:

„Единствено што сака СДСМ да спречи е трошењето на парите на граѓаните за „чоколадите“ на Ставрески и кумашинот Груевски. СДСМ не е против аукции на државни хартии од вредност, ниту спречува исплата на плати, пензии, субвенции и социјални трансфери.

Само погрешните политики на Груевски и Ставрески ја загрозуваат исплатата на платите и пензиите. Тоа што Груевски сака да истура по 200 милиони евра пред избори, како што вели неговиот кум Ставрески, се пари кои не се берат на дрво, туку се нови кредити во име на идните генерации.

Дури и кредиторите на денешната аукција на државни хартии од вредност го пресметаа ризикот да и овозможат на оваа Влада екстра задолжување и запишаа хартии од вредност помалку од износот што доспева за враќање до крајот на годината.

СДСМ ќе продолжи да ги брани интересите на граѓаните и ќе ги користи сите механизми за спречување на изборна корупција и злоупотреба на средства“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски