(ВИДЕО) Корлевски: Скандалите на подрачниот министер Србиновски немаат крај!

Од:

По 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ скандалите за злоупотреби и криминал не стивнуваат. Тие се нивниот заштитен знак. Најновиот скандал е поврзан со подрачниот министер за земјоделие Илија Србиновски, вели Борче Корлевски од СДСМ Битола.


 
Имено, дали ќерката на подрачниот министер за земјоделство, Илија Србиновски, Лилјана Србиновска Талевска, заедно со нејзиниот сопруг Роберт Талевски во септември 2009 година на диво, односно,незаконски, се вселуваат во државен стан на улицата Јонче Мурџевски бр 3/18?
 
За незаконското вселување на познатиот брачен пар постои и официјален документ од Претпријатието за стопанисување со станбен и деловен простор од Битола во којшто се вели:
 
-закупец Роберт Талевски – диво вселен.
 
-број и тип на решение –нема
 
-број на договор – нема
 
-рок на важење на договор – нема
 
-месечна закупнина – 0 денари
 
Згора на тоа ќерката на министерот Србиновски, Лилјана Србиновска Талевска, која што меѓудругото беше и вработена во ова Претпријатие, заедно со својот сопруг од јули 2013 година живеат во Австралија.  Станот е празен, клучот од станот е кај нив, а тие речиси 3 години не се вратени.
 
Зошто директорот на Препријатието за стопанисување со станбен и деловен простор, сеуште толерира ваква стостојба?
 
Чии партиски задачи извршува и чии бизнис интереси штити?
 
На граѓаните им е јасно дека криминалот и корупцијата се заштитен знак на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски