Избрани најуспешните спортисти, тренери и екипи во Скопје за 2015

Од:

На најдобарите спортисти, тренер и спортски екипи во Скопје за 2015 година, денеска им беа врачаени награди и признанија од Град Скопје, Совет на Град Скопје и Сојуз на спортски федерации на Македонија.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на доделувањето на наградите им честита на спортистите, тренерите и екипите за постигнатите резултати и успеси на најсилни европски и светски натпреварувања, кои се за почит и голема афирмација на главниот град и на Македонија.

– Градот Скопје ќе продолжи со финансиска, логистичка и морална поддршка на спортистите, се со цел и понатаму да се радуваме и славиме спортските резултати, истакна Трајановски, кој ја врачи наградата за Најуспешен спортист на Град Скопје за 2015 година на Игор Стефановски – Иџе.

Иџе е европскиот шампион во автомобилизам на ридски патеки од Авто Картинг клуб „Про спорт“, кој победи на девет од 12 трки на ФИА и на осум патеки постави рекорди. Во Макеоднија Иџе е шампион во својата класа во последните десет години.

Претседателот на Комисијата за избор на најуспешни спортисти Јован Лазарев истакна дека изборот е извршен од Комисијата составена од шест советници и три стручни лица од областа на спортот по објавен јавен конкурс со критериуми и пристигнати 37 предлози за избор.

Во категоријата десет Најуспешни спортисти на Град Скопје се Мартин Несторовски од Карате клуб „Макпетрол“, Евгениј Поп Ацев од Пливачки клуб „Студент“, Ненад Манојловски од Кик боксинг клуб „Шампион“, Стојанче Стоилов од РК „Вардар“, Баже Илијоски од ФК „Вардар“, Јасин Реџелари од БК „Лирија 2010“, Стефани Тодорова од Кик боксинг клуб „Фајт тим“, Бобан Грнчаров од ФК „Вардар“ и Наташа Стефановска од КК „Макпетрол“.

Најуспешна спортска екипа на ниво на Град Скопје за 2015 година е ЖРК „Вардар“, а најуспешен тренер на ниво на Скопје е Мирче Јанушевски од Карате клуб „Макпетрол“.

Наградата за најсупешен странски спортист во екипа од Скопје ја додели директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески на Арпад Штербик од Ракометен клуб „Вардар“. Наградата ја прими неговиот клупски колега Стојанче Стоилов.

Најуспешен спортист во категорија на лица со посебни потреби за 2015 година е Марио Мицковски од здружение Специјална олимпијада Македонија.

Во младинска категорија најуспешни пет спортисти за 2015 година се Петар Заборски од Карате клуб „Макпетрол, Сара Ристовска од ЖРК „Вардар“, Моника Пендароска од Карате клуб „Макпетрол“, Елмедин Сејфулау од Боречки клуб „Лирија 2010“ и Бобан Илиоски од Кик боксинг клуб „Шампион“.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ